Франција со пресврт го елиминира Египет и закажа финале против Шпанија
По првото полувреме во кое мируваа мрежите, првиот удар го зададе Египет во 62. минута кога поведе со 1-0, но набрзо Матета возврати и погоди за продолженија.
Проблемите за Египет почнаа кога Фајед беше исклучен поради втор жолт картон, а набрзо Матета постигна и втор гол за 2-0, додека триумфот го потврди Олисе.
Франција за златото ќе се бори против Шпанија, додека Мароко и Египет ќе се борат за бронзен медал.