Ѓоковиќ сака да игра на Олимписките игри во Лос Анџелес
Ѓоковиќ ја комплетираше својата колекција со успеси, па многумина сметаат дека е време да се повлече од тенисот, но Србинот имал план да игра и на Олимписките игри во Лос Анџелес.
„Сè уште сакам да играм во Лос Анџелес. Сакам да ја претставувам Србија на Олимпијадата, но не знам што ќе се случи“, кажа Ѓоковиќ.