Неверојатно: Последниот од трката на 100 метри би бил олимписки шампион во Сеул во 1988 година
Тој им го донесе на САД првото злато во оваа конкуренција по пауза од 20 години откако во финалето беше подобар од Кишејн Томпсон од Јамајка за само пет илјадити делови од секундата. За неизвесноста на трката најдобро зборува тоа што сите осуммина учесници во финалната трка влегоа во само 12 секунди, па осмопласираниот Облик Севил постигна време од 9,91.
Неверојатно звучи податокот дека со тоа време Севил би бил олимписки шампион во Сеул во 1988 година. На Игрите пред 36 години триумфираше Карл Луис со време 9,92, но таа трка беше една од најконтроверзните во историјата бидејќи првично, за победник беше прогласен Бен Џонсон со 9,79, што во тоа време беше светски рекорд, но три дена подоцна тој беше суспендиран поради допинг, а златото му беше доделено на Луис.