Еуроспорт му се извини на Ѓоковиќ што го направи Хрват
„Длабоко жалиме поради грешката која е направена при изборот на емотиконот на знамето за објава на една социјална мрежа. Искрено се извинуваме. Уште еднаш му честитаме на Новак на историскиот успех за него и неговата земја“, напиша Еуроспорт.
Ѓоковиќ вчера го победи Карлос Алкараз во финалето во Париз и првпат во кариерата стана олимписки шампион.