Алексо Лембанов го засили стручниот штаб на Пелистер
Младиот стратег, Алексо Лембанов во новата сезона ќе биде еден од асистентите на Бранислав Ангеловски.
„Во остварување на нашите цели потребен ни е силен управувачки тим, стручен штаб и врвни ракометари. Затоа секојдневно напорно работиме за да се екипираме, како би ги оствариле зацртаните цели. Во стручниот штаб на Пелистер приклучивме ново име.
26-годишниот Алексо Лембанов е нов асистент тренер на шампионот на Македонија и заедно со главниот тренер Бранислав Ангеловски и тренерот на голмани Ице Соколески го сочинуваат стручниот штаб. Се работи за млад стручњак, кој континуирано работи и се усовршува. Јавноста го запозна со работата во Пролет, а кратко беше во стручниот штаб на Ал-Сафа во Саудиска Арабија
Лембанов ќе се приклучи на подготовките на екипата на Пелистер на Златибор“, објави битолскиот состав.