Ждреб за плеј-оф во ЛЕ: Барди и Шишковски ги дознаа можните противници
Во квалификациите од Лигата на Европа Македонија ги има голманот Дамјан Шишковски и Енис Барди.
За место во плеј-офот од второ по ранг европско натпреварување Шишковси со Борац Бања Лука ќе игра против Класвик од Фарски Острови и ако излезе како победник ќе се соочи со подобриот од двомечот меѓу Митјиланд од Данска и Ференцаварош од Унгарија.
Барди со Трабзон ќе оди на двомеч со Рапид Виена, додека потенцијални противници во плеј-офот на турскиот тим се Брага и Сервет.
Натпреварите се играат на 22. и 29. август.
ЖДРЕБ ЗА ПЛЕЈ-ОФ ВО ЛЕ