Анчелоти му се налутил на Белингем откако го фатил како го мами! (ВИДЕО)
Анчелоти кој во тој момент бил заедно со Винисиус, се обидел да му се јави телефонски на Џуд Белингем, му вртел, но фудбалерот не му кренал. Му рекол на Винисиус да му сврти, и Англичанецот веднаш му кренал на својот соиграч, па Анчелоти го земал телефонот од Винисиус и разговарал со Белингем.
„Вчера му се налутив на Белингем. Бидејќи му ѕвонев и тој не ми креваше. Му реков на Винисиус да му се јави и тој веднаш му крена. Па се налутив. Винисиус ми го даде телефонот“, рече Анчелоти.