Се ближи денот: Познато е кога Мбапе ќе дебитира за Реал
Французинот не е на американската турнеја поради настапот на Европското првенство, па се уште не се појавил со белиот дрес на натпревар. Утре Реал го игра последниот тест, против Челси, но со оглед на тоа што Мбапе не е во САД, нема да се појави ни на тој меч.
Официјалното деби, а со тоа и можноста за првиот трофеј со Реал, Мбапе ќе го има на 14 август кога на програмата е Суперкупот на УЕФА. Натпреварот ќе се игра во Варшава, а противник на Реал ќе биде италијанскиот прволигаш Аталанта.