Србите му ги нудат своите колена на Ѓоковиќ само да продолжи да игра во Париз (ФОТО)
Беше 3-0 за Циципас во вториот сет кога Новак Ѓоковиќ се пожали на болки, му беше укажувана медицинска помош, а фановите трепереа во неизвесност дали воопшто ќе може да го продолжи мечот.
Имаше дури и такви кои му го нудеа своето колено на српскиот тенисер.
Ѓоковиќ ги нема освоено Олимписките игри, па тоа е негова голема цел во финишот од кариерата.