Репрезентативно засилување за Брера, потпиша со Димитар Тодоровски
Неколку часа по промоцијата на Филип Антовски, Брера се пофали со уште едно сериозно засилување, станува збор за Димитар Тодоровски кој игра во средниот ред и има поофанзивни карактеристики.
Тој е македонски младински репрезентативец. Во минатата сезона запиша 24 настапи за Работнички во ПМФЛ, даде два гола и имаше асистенција.
Иако има само 22 години, тој веќе пет сезони настапува во нашата најсилна лига. Тодоровски во ПМФЛ вкупно има 130 натпревари во дресот на Работнички, девет гола и девет асистенции, а сега кариерата ја продолжува во Брера.