Ѓоковиќ фуриозно ги почна Олимписките игри, победа со само еден загубен гем!
Ѓоковиќ за помалку од еден час го среди првиот противник на Олимписките игри. Ебден изгледаше тотално немоќно пред Србинот.
Првиот сет беше перфектен, Ѓоковиќ го доби со 6-0, во вториот загуби само еден гејм, беше 6-1.
Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот меѓу Надал и Фучович, меч кој се игра утре.
Сигурен настапи имаше и Карлос Алкараз кој во два сета го совлада Хабиб. Шпанскиот ас победи со 6-3 и 6-1.