Голем гаф на Олимписките игри: Јужна Кореја беше претставена како - Северна!

Олимписките игри во Париз немаа славен почеток затоа што беа направени неколку гафови, а еден од нив е со претставувањето на Јужна Кореја, која беше претставена како Северна Кореја.

Министерството за спорт на Јужна Кореја веднаш побара состанок со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), по што пристигна извинување.

„Длабоко се извинуваме за грешката што се случи при претставувањето на јужнокорејската делегација за време на свеченото отворање“, соопштија од ИОК.