Македонски репрезентативец и бек од САД го засилија Пелистер

Актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер доведе уште две засилувања со што го продолжи екипирањето во за новата сезона.

Нови членови на битолскиот прволигаш се македонскиот репрезентативец Димитар Пандев и американскиот интернационалец Брајан Антоан со кои финалистот во првенството и Купот на Македонија ќе се обиде да дојде до првиот трофеј во својата историја.

Пандев минатата сезона ја помина во Кожув, но најсветлите моменти во досегашната кариера ги достигна во тимот на МЗТ Скопје со кого освои двојна круна во сезоната 2022/23. Во Пелистер повторно ќе има можност да работи со Александар Петровиќ кој му беше тренер и во МЗТ.

Антоан има 24 години и игра на бековските позиции, а во Пелистер доаѓа од НЦАА каде ги бранеше боите на Виланова. Тој е второ странско засилување за битолскиот тим по Андрија Бојиќ, а во екипата доаѓаат уште Бобан Стајиќ и Виктор Ташовски.