Гронер по една полусезона си замина од Шкупи

Поранешниот македонски шампион Шкупи реши да се раздели со норвешкиот фудбалер Емануел Гронер по само една полусезона.

Гронер пристигна на почетокот на годината во екипата од Чаир, а притоа настапи на 17 натпревари и постигна пет голови за македонскиот прволигаш.

Норвежанецот очигледно не ги задоволи барањата на Шкупи и поради тоа ќе си ја бара среќата на друго место, а прволигашот му се заблагодари за соработката.