„Кралот“ Мбапе освен клуб има и нова девојка – манекенка со бујни облини (ФОТО)

Францускиот репрезентативец, Килијан Мбапе, наводно повторно е во врска и тоа со жешка манекенка со која беше уловен во Мајами каде моментално ужива на одморот.

Новиот напаѓач на Реал Мадрид беше фотографиран со атрактивната Дени Грејс Алмеида во ресторан, а подоцна и во ноќен клуб, а веста дека се во врска ја објави Пејџ Сикс, кој рече дека извори блиски до парот тврдат дека се држеле за рака и дека е јасно дека тие не се само пријатели. Навивачите не можат да пропуштат ништо, па пред неколку месеци забележаа дека манекенката на својот профил на Инстаграм објави видео од еден од натпреварите на кои играше Мбапе.

Парот се уште не ги потврдил овие наводи. Додека Мбапе не се огласува, манекенката кратко изјави дека не сака да го коментира нивниот однос.