Вардар се засили со Камерунец кој играл во најсилната француска лига

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на својот 77. роденден промовира уште едно засилување за следната сезона, а тоа е 23-годишниот Камерунец Данел Донгмо.

Донгмо е фудбалер од средниот ред и потекнува од академијата на француска Троа, каде што досега запишал 56 меча за вториот тим, а има и два настапи за првиот тим во најсилната француска лига.

Камерунецот, исто така, игра за неговата татковина во репрезентацијата за фудбалери до 23 години.