За малку тепачка на мечот меѓу Србија и Австралија - Гудуриќ и Гиди се фатија за гуша (ВИДЕО)

Репрезентациите на Србија и Австралија попладнево одиграа пријателски дуел во Абу Даби, но малку недостасуваше да дојде до инцидент пред крајот.

Кога веќе беше јасно дека „кенгурите“ ќе слават, во клинч се најдоа Марко Гудуриќ и Џош Гиди откако австралискиот кошаркар го собори на паркетот противничкиот играч.

Дојде до кошкање и гужва на теренот и во еден момент се чинеше дека ќе дојде до масовна тепачка, но останатите играчи беа посмирени и преовлада разумот на двете страни.