„Гори“ Истанбул: Имобиле го облече дресот на Бешикташ (ВИДЕО)

Голема еуфорија владее во Истанбул каде што пристигна италијанскиот голгетер Чиро Имобиле и го облече дресот на Бешикташ.

На аеродромот го пречекаа голем број членови на раководството на Бешикташ, но и многу навивачи кои го поздравија Италијанецот.

Имобиле во кариерата играше за неколку екипи од Серија А, додека во Бешикташ доаѓа откако го напушти Лацио.