Чиста мрежа за Шишковски, Борац ја совлада албанска Егнатија!
Егнатија имаше само еден удар во рамките на голот на Шишковски, кој немаше проблеми да го скроти шутот на ривалот, додека погодокот за триумф на Борац го постигна Дамир Хреља во 96. минута од средбата.
Реваншот меѓу екипите е закажан за 17 јули, а победникот ќе игра против грчки ПАОК во следното коло.