Капитенот на Брера се сели во Израел

Младинскиот репрезентативец на Македонија, голманот Марко Алчевски кариерата ја продолжува во Израел во тимот на Хапоел Еруасалим.

Трансферот на Алчевски го потврди екипата на Брера каде што Алчевски беше капитен во изминатата сезона. Скоро цела своја досегашна кариера Алчевски ја помина во Струмица со исклучок на една сезона во која беше позајмен во велешки Борец.

„Нашиот прв голман Марко Алчевски се сели во Израелската Премиер лига  каде од следната сезона ќе го носи дресот на Хапоел Ерусалим. 22 годишниот Алчевски кој е чувар на мрежата и на младинската фудбалска репрезентација на Македонија, лани беше капитен на Брера и ја имаше најдобрата сезона во својата кариера“, објави Брера.

Во изминатата сезона Алчевски голот на Брера го чуваше на 29 натпревари.