Хаос во Берлин: Масовна тепачка меѓу холандските и турските навивачи! (ВИДЕО)

Холандија со 2-1 ја совлада Турција во четвртфиналето на Европското првенство, а по натпреварот имаше општа тепачка низ улиците на Берлин.

Во текот на вчерашниот ден атмосферата во Берлин беше мирна иако во градот имаше илијадници турски и холандски навивачи, но не беше така и вечерта.

Од исходот на мечот едните се радуваа, на другите им беше тешко, па различните емоции доведоа до физички судир. Во еден момент се случи тепачка меѓу двете страни, полицијата и обезбедувањето мораше да реагираат за да не настане уште поголем инцидент.