Правилото на УЕФА за Европското првенство ќе се користи и во клупскиот фудбал
Прва „жртва“ на ваквото правило беше фудбалерот на Манчестер Сити и шпански репрезентативец, Родри кој во победата од 1:0 на својата репрезентација доби жолт картон против Италија и не можеше да игра во последното коло од турнирот против Албанија.
„Да се биде судија во модерниот фудбал е многу тешко. Судијата носи помеѓу 200 и 250 одлуки во натпревар и тоа е една на секои 22 секунди, поради тоа е под огромен притисок, а секоја од нив потоа се анализира од разни агли. Идејата е едноставна, бараме сите тимови да обезбедат дека само капитените ќе бидат единствените кои ќе можат да разговараат со судијата со цел да не се создава дополнителен притисок врз арбитрите“, изјави извршниот директор на УЕФА, Роберто Росети.