Саудијци го купуваат осумкратниот француски шампион и носат големо засилување од ПСЖ?!

Денеска во француските медиуми се појави вест дека осумкратниот шампион на оваа земја, Монако ќе добие нови сопственици и тоа од Саудиска Арабија.

Подолго време Монако е на продажба, а во последните денови се интезивирале преговорите со одредени саудиски инвеститори и детали веќе се појавија во јавноста.

Реномираниот „Л’Екип“ освен што објави дека е се договорено помеѓу двете страни наведува и изненадувачка информација дека на чело на проектот ќе биде Луис Кампос. Ова е огромно изненадување бидејќи Кампс е еден од клучните луѓе во ПСЖ.

Кампос во ПСЖ е задолжен за стратегијатан а клубот, а претходно ја изавршуваше и функцијата спортски директор, па така негово евентуално заминување сигурно би било тежок удар за клубот од француската престолнина.

Искусниот 59-годишнен Португалец во Монако би бил именува за претседател со што би добил и одврзани раце да го врати клбуот во врвот на францускиот и европски фудбал. Се пишува и дека во ПСЖ повикале итен состанок со Кампос поради ваквите пишувања.

Останува во наредниот период да видиме што ќе се случува, но нема дилеми дека ако ваквите најави се реализираат тогаш Монако на „голема врата“ најавува прекинување на доминацијата на ПСЖ.