Далиќ: Кога можевме да се бориме со Бразил и Англија, можеме и против Италија!

Хрватска има лош старт на Европското првенство (ЕП) и во третото коло од групната фаза мора да ја победи Италија за да се надева на пласман во осминафиналето.

Селекторот Златко Далиќ вели дека немаат друг избор освен победа против актуелниот европски шампион.

„Пред нас е тежок натпревар. подготвени сме и мислам дека ќе извлечеме позитивен резултат. Ни одговара само победа, немаме друг избор. Кога можевме да се бориме со Бразил, Аргентина и Англија, можеме и со Италија“, кажа Далиќ.