Силвињо по суспензијата на Даку: Треба да зборуваме за фудбал, а не политика!

Селекторот на Албанија, Силвињо даде коментар за казната на албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, кој ги навредуваше Македонците и Србите по мечот против Хрватска.

Даку доби суспензија од два меча од УЕФА, а Силвињо кажа дека репрезентативецот на Албанија е свесен за неговиот потег и за тоа дека направил грешка.

„Тука сме за да играме фудбал на голем турнир. Треба да зборуваме само за фудбал, а не за политика“, кажал Силвињо.