Ни Мбапе, ни Леао: Романец е најбрз фудбалер на Европското првенство

Години наназад, Килијан Мбапе и Рафаел Леао важат за најбрзи фудбалери во Европа и се очекуваше тие да бидат без конкуренција и на првенството што се одржува во Германија.

Статистиката по првите две кола не покажува така. Најголемата брина досега ја постигна романскиот репрезентативец Валентин Михаила кој достигнал брзина од 35,8 километри на час. Зад него е Ндоје од Швајцарија со 35,6 километри на час, а трет е Расмус Хојлунд од Данска со 35,5.

Дури по него е Рафаел Леао со 35,4, додека Килијан Мбапе е на седмото место со 35 километри на час, но мора да се знае дека новиот фудбалер на Реал досега одигра само еден натпревар.