Нов скандал: Во албанската химна за ЕП 2024 за Скопје се пее како за – албански град (ВИДЕО)

Се уште не е стивнат скандалот со албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, кој по ремито со Хрватска (2-2) со мегафон и заедно со навивачите ги пцуеше Македонците поради што УЕФА покрена истрага, а веќе се појавува нов поврзан со користењето националистички ноти од страна на нашиот западен сосед користејќи го фудбалот и ЕП 2024 во Германија.

Без разлика што е објавена пред неколку недели, пцовките кои фудбалерот на Рубин Казан ги упати кон сите државјани на Македонија придонесоа на виделите да излезе уште еден скандал и тоа со официјалната химна на Албанија за настапот на континенталниот собир. Во песната се зборува за убавините на оваа земја, а случајно или не, во контекст на ова се споменуваат и градови кои им припаѓаат на други држави. Тоа се однесува на Приштина, главниот град на Косово и тоа што нас најмногу нѐ боли, на Скопје, кој е претставен како – албански град.

 

Вакви националистички и иредентистички претензии воопшто не се дозволени во цивилизираниот свет, а уште помалку во светот на спортот, каде што интенцијата е да се смируваат конфликтите, а не да се разгоруваат. Без разлика што од објавувањето на оваа песна поминаа три недели, апсолутно никој не реагирал на ваквото „крадење“ на градови од други држави, што асоцира на идејата на Голема Албанија. Реакции нема ниту од ФФМ, но и од Министерството за надворешни работи на Македонија, со оглед што ова е скандал кој ги надминува фудбалските рамки.

 

*делот за Скопје е на 0:50 минути од видеото