Алкараз елиминиран во Квинс, Ѓоковиќ се враќа на второто место

Две недели по триумфот на „Ролан Гарос“, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз доживеа елиминација уште во второто коло од турнирот во Квинс.

Тоа е негов пораз на трева по 14 победи во низа, но многу полошо е што загубви 450 бода бидејќи ја бранеше титулата од лани и повторно падна на третата позиција на АТП листата. Со оглед на тоа што го брани и трофејот на Вимблдон, многу веројатно Алкараз како третопласиран ќе ги дочека Олимписките игри во Париз.

Подобар од него денеска беше Дрејпер од Велика Британија кој славеша со 2-0 (7-6, 6-3) за точно 100 минути игра. Алкараз не успеа да направи ниеден брејк во текот на мечот, додека Дрејпер му го зеде сервисот во шестиот гем од вториот сет и со тоа ја забетонира својата победа. Во четвртфиналето, Дрејпер ќе игра со Томи Пол од САД.