Изненадување од Далиќ: Го откажа тренингот на Хрватска по ремито со Албанија

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ го откажа тренингот кој екипата требаше да го одржи во кампот во Нојрупин.

Хрватска одигра 2:2 со Албанија во второто коло од групата „Б“ на Европското првенство и така си ги намали шансите за пласман во осминафиналето бидејќи има еден бод во два натпревари.

На првиот тренинг по натпреварот вообичаено тренираат играчите кои не биле во почетните 11, додека првотимците се опоравуваат. Сега Далиќ ја ослободи комплетната репрезентација за екипата да се одмори и да се опорави пред клучниот натпревар.

Далиќ на конференцијата за медиумите истакна дека против Италија за нив почнува нокаут фазата.

„За нас нокаут фазата почнува во натпреварот против Италија. Само победа не одржува во живот, нерешено и пораз ни значат елиминација“, порача Далиќ.

Натпреварот помеѓу Италија и Хрватска се игра во терминот од 21:00 часот во Лајпциг.