Србите ги „пецкаа“ Словенците: Лука Дончиќ е еден од нас! (ВИДЕО)

Репрезентациите на Србија и Словенија играат денеска од 15:00 часот на Европското првенство, а пред овој натпревар во центарот на вниманието се навивачите на двете репрезентации кои заеднички и во позитивна атмосфера го очекуваат меѓусебниот дуел.

Србите и Словенците се зaeдно на плоштадот во Минхен, а иако имаше моменти кога заеднички пеаа песни, сепак има и мали симпатични провокации кои се далеку од тоа да предизвикаат некаков инцидент.

На социјалните мрежи се појави видео како српските фанови скандираат „Лука Дончиќ е еден од нас“, алудирајќи на српското потекло на словенечкиот кошаркар. Нивното скандирање од навивачите на Словенија како што може да се види на видеото беше и со насмевки прифатено.