Мусиала фудбалската азбука ја научил од - македонски тренер!

Еден од најталентираните германски фудбалери е 21-годишниот Џамал Мусиала, кој воодушеви во дресот на Баерн Минхен и репрезентацијата, а интересно е тоа што првите фудбалски чекори ги научил од македонскиот тренер Бранко Миленковски.

Мусиала е роден во Штутгарт, а кога имал само две години неговото семејство се преселило во градот Фулда, каде што покажал голем интерес за фудбалот и неговите родители решиле да го вклучат во ТСВ Ленерц.

Младиот германски играч почнал да ја учи фудбалската азбука од македонскиот стратег Миленковски, кој веднаш го забележал талентот на Мусиала.

„Мусиала го предводеше тимот до седум години до титула на локален турнир, а на секој од натпреварите постигнуваше меѓу пет и 10 голови. Поради тоа решивме да му дадеме шанса да игра за поголемите момчиња. Џамал е неверојатен талент. Тој танцуваше околу останатите играчи на теренот“, изјавил Миленковски за германскиот репрезентативец.

Неговите одлични настапи под водство на Миленковски му носат трансфер во 2010 година во Саутемптон, а потоа игра осум години за младинскиот тим на Челси, од каде што во 2019 година заминува за Баерн Минхен и станува важен член на поранешниот германски шампион.