Роналдо пред историскиот настап: Заедно сме незапирливи

Кристијано Роналдо вечерва ќе испише нови страници во историјата во фудбалот бидејќи ќе стане прв играч со настап на шест европски првенства.

Со Португалија, тој ќе се обиде да стигне до уште една титула, по онаа во 2016 година, а пред мечот против Чешка упати јавна порака до своите соиграчи.

„Денеска почнува уште едно поглавје во нашата историја. Се сеќавам на првиот ден во националниот тим, пат полн со предизвици и победи. Сега имам чест да бидам во тим на шампиони, полн со таленти и посветеност. Со поддршка од сите, ќе ги претвориме сништата во реалност, ајде заедно да се бориме за уште еден триумф. Заедно сме незапирливи, напред Португалија“, напиша Роналдо.

Вечерашниот натпревар за него ќе биде 26. на европските првенства со што ќе го поправи рекордот кој е во негова сопственост.