Јокиќ и Марјановиќ качени на столици прават џумбус во кафеана во Сомбор (ВИДЕО)
Двајцата прексиноќа уживаа во кафеана во Сомбор и тоа со песните на Ана Бекута, која им пееше во живо. На социјалните мрежи се шири снимка како двајцата качени на столици уживаат во хит-песната на фолкерката - Бекрија.
Јокиќ и Марјановиќ наскоро треба да почнат со подготовките за Олимписките игри, на кои Србите се меѓу фаворитите за еден од медалите.