Мајсторија на Пулишиќ од слободен удар, САД ремизира против Бразил (ВИДЕО)

Фудбалерите на САД и Бразил одиграа нерешено (1-1) на пријателски натпревар, а дуелот го одбележа мајсторскиот гол на Кристијан Пулишиќ.

Родриго погоди за водство на Бразил во 17. минута од натпреварот, а само девет минути подоцна Пулишиќ погоди од слободен удар за 1-1.

Во продолжение од средбата имаше шанси на двете страни, меѓутоа мрежите мируваа до самиот крај (1-1).