Добредојде, Столе: Валенсија го претстави Димитриевски (ВИДЕО)
Шпанскиот прволигаш и поранешен шампион во Ла Лига, го претстави нашиот чувар на мрежата преку социјалните мрежи, а потоа на својата интернет страница ги објави деталите од договорот со него.
Димитриевски потпишал договор на две години и тој ќе важи до 30 јуни 2026, а во Валенсија оди по 127 одиграни натпревари во шпанската елитна дивизија, како член на Рајо Ваљекано. Официјалната презентација ќе се одржи на почетокот од подготовките за новата сезона.