Докторот кој го оперираше Ѓоковиќ соопшти лоши вести
Иако операцијата помина без проблеми, Жеромет не верува дека Ѓоковиќ ќе биде подготвен за настап на Вимблдон, кој се игра од 1 до 14 јули.
„За 45 минути колку што поминавме со Ѓоковиќ, неговиот тим и докторот на Тенискиот сојуз на Франција, бев отворен за тоа дека сè зависи од реакцијата на неговото колено. Напредокот мора да се следи од ден во ден, но невозможно е да се предвиди состојбата во која ќе биде за неколку недели“, кажа докторот.
Ѓоковиќ најверојатно ќе се врати на теренот во Хамбург, каде што ќе се подготвува за настап на Олимписките игри.