Манчестер јунајтед ќе остане без место во Лига Европа!?

Англискиот гигант Манчестер јунајтед славеше со 2-1 против Манчестер сити во финалето на ФА-купот и со тоа се пласира во Лига Европа, но веднаш се појави проблем кој ќе мора наскоро да биде решен од газдата Сер Џим Ретклиф

Ретклиф има 27 отсто од акциите во премиерлигашот, а планира да инвестира дополнителни 245 милиони фунти и да добие над 30 отсто од акциите во Јунајтед, но во меѓувреме се појави (не)очекуван проблем.

Бизнисменот има акции и во францускиот прволигаш Ница, која заврши на петтата позиција и обезбеди место во Лига Европа, а тоа може да ги остави „ѓаволите“ без настап во елитното европско натпреварување.

„Мирор“ пишува дека Ретклиф бара решение на проблемот и наскоро ќе има состанок со важни луѓе од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) со цел да се пронајде начин како да настапат двете екипи во Лига Европа.