На Димитријевиќ не му одеше шутот, ама оствари 15 асистенции
Тимот од Казан, кој основниот дел од сезоната го заврши на првото место, долго се мачеше да го скрши отпорот на противникот, но на крајот оствари и убедлива победа. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ немаше свој ден на реализаторски план, погоди само 3/8 од игра, но затоа максимално ги разигра своите соиграчи, остварувајќи дури 15 асистенции, што е негов рекорд на кариерата, за индекс 23.
Уникс ќе биде домаќин и на вториот меч од серијата кој ќе се игра на 25 април. Во оваа фаза се игра до три добиени натпревари.