Бјелица експресно се враќа во кошарката, но како функционер
Турскиот прволигаш Бахчешехир, кој се бори за титулата во ФИБА Европа купот и е во финалето од ова натпреварување, соопшти дека од идната сезона Бјелица ќе биде шеф за кошаркарски операции во клубот. Таму ќе соработува со црногорскиот стручњак Дејан Радоњиќ кој од пред неколку месеци е тренер на екипата и одлично ја извршува својата работа.
Бахчешехир во моментов е во жестока битка за пласман во плејофот од турското првенство, а иако постои само седум години, има неколку завидни достигнувања, пред се титула во ФИБА Европа купот во 2022 година.