Димитријевиќ со историската партија му донесе отказ на сонародникот Рајковиќ!
Московјани минатата сезона не ја освои титулата, а со неодамнешниот пораз на гости кај Уникс Казан беше изгубено првото место на табелата, поради управата не дочека да му заврши договорот и денеска ја прекина соработката со Македонецот.
„Ова не беше лесна одлука, пред се поради тајмингот. Не се случува често клубот да менува тренер една недела пред плеј-офот. Исто така, изградивме исклучителни човечки и професионални односи со Емил. Но, животот покажа дека на тимот му е потребна итна и сериозна промена“, изјави Андреј Ватутин, првиот човек на ЦСКА.
Главен „виновник“ за отказот на Рајковиќ беше неговиот сонародник, Ненад Димитријевиќ, кој со 40 поени, шест скока и девет асистенции беше убедливо најзаслужен за триумфот на Уникс, со што индиректно го замени својот сонародник – Рајковиќ. Негов наследник е грчкиот стратег Андреас Пистиолис, кој работел осум години е во ЦСКА како помошник. Има пет титули во Евролигата, три под водство на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос, две под Димитрис Итудис во ЦСКА.
Московјани потврдија дека со Рајковиќ од Москва заминуваат и помошниците Марко Величковиќ и Сашо Тодоровски, кои работеа со него и во Работнички.