Мрежите мируваа на дербито меѓу Монако и ПСЖ, Мбапе играше едно полувреме!
Монако во 25. минута ја затресе противничката мрежа, но голот на Бен Једер беше поништен поради офсајд.
Килијан Мбапе беше стартер на натпреварот, но го одигра само првото полувреме по што беше изваден од игра.
Мбапе потоа седна на трибината со своето семејство и од таму го проследи второто полувреме.
Монако е и клубот од каде што Мбапе премина во ПСЖ.