Првата пол позиција во сезоната за - Ферстапен
Со тоа, актуелниот трократен светски шампион, кој ланската титула ја освои на неверојатно доминантен начин, успешно ја почна и новата сезона во која ќе атакува на нов трофеј. На утрешната трка, која почнува во 16 часот по средноевропско време, тој ќе се обиде да стигне до 55. победа во кариерата.
Зад Ферстапен заврши возачот на Ферари, Шарл Леклер кој во квалификациите заостана две десетинки зад светскиот првак. Од вториот ред ќе стартуваат Џорџ Расел од Мерцедес и колегата на Леклер од Ферари, Карлос Саинс.