„Артета веднаш ќе замине од Арсенал ако добие понуда од Манчестер“
Поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“ смета дека Артета не би можел да одбие понуда од гигантот од „Олд Трафорд“.
„Артета веднаш би заминал од Арсенал ако пристигне понуда од Манчестер јунајтед. Доколку пристигне повик, ќе им каже на неговите избраници: слушајте момци, ова беше емотивно, но морам да одам понатаму“, вели Фердинанд.
Арсенал е на третата позиција во лигата, со еден бод помалку од Манчестер сити и два помалку од лидерот Ливерпул.