Томас Тухел ќе си замине од Баерн Минхен - ама не веднаш!
Причина за ова се трите порази во низа на Баварците, кои кулминираа со неделниот шок на гостувањето кај Бохум (2-3). Претходно, тие загубија во дербито со Баер Леверкузен (0-3) како и од Лацио (0-1) во првата осминафинална средба од Лигата на шампионите.
„Се договоривме дека ќе ја прекинеме нашата соработка по крајот на оваа сезона. Дотогаш, јас и мојот персонал ќе продолжиме да правиме се што можеме за да обезбедиме максимален успех на тимот од Минхен“, потврди Тухел за италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Германскиот стратег седна на клупата на Баерн лани во март и потпиша договор до јуни 2025 година, кој очигледно нема да го доработи.