
Голден Арт прокоцка водство од пет гола, Мулти Есенс ги освои бодовите
Натпреварот беше израмнет на почетокот, но потоа Голден Арт ја презема контролата и на паузата замина со водство од пет голови (16-11).
Мулти Есенс се разбуди во вториот дел и влезе во одлична серија за на крајот да слави со 24-23.
Давид Димевски постигна 10 голови во победничкиот тим, додека Христијан Милошески постигна седум погодоци за Голден Арт.