Пред шест месеци не се знаеше дали ќе продолжи да игра, сега е пред трансфер во - Барса!

Мејсон Гринвуд е сѐ поблиску до договор за трансфер во Барселона во летниот преоден рок.

Поради физичкото насилство врз девојката, иако неосуден, Гринвуд не можеше да заигра повторно во Премиерлигата поради судот од јавноста.

Не го сакаше ниту еден Премиерлигашки клуб, поради револтот кај навивачите. Од истата причина не можеше да продолжи да игра и за Манчестер јунајтед.

Не се знаеше дали ќе ја продолжи кариерата, но тогаш рака му пружи Хетафе. Гринвуд замина во Шпанија и потврди дека голем талент.

Одличните партии во Хетафе, го привлекоа интересот на Барселона, па каталонскиот клуб почна да прави конкретни чекори за да го купи.

Последните информации велат дека Гринвуд дал зелено светло, тој сонува да заигра за Барселона и да се бори за трофеи. На потег се сега клубовите, Барса и Манчестер јунајтед кои треба да најдат решение за обесштетувањето.