Неочекувано: Македонските знамиња забранети на Австралија опен!

Македонската заедница во Австралија на социјалните мрежи објави фотографија со забранети знамиња, а неочекувано на истата се наоѓаат македонските знамиња. Организаторот на Австралија опен поради засега непозната причина решил да нè стави во иста категорија со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван.

Претходно имаше најава од директорот на турнирот дека ќе бидат забранети знамињата на Палестина и Израел поради војната која се води меѓу државите, додека забраната за руските и белоруските знамиња е актуелна уште од почетокот на војната во Украина.

Сепак, останува непозната причината поради која на списокот со забранети знамиња се најдоа и официјалното македонско знаме, но и старото со 16 краци од Кутлеш.