Синер добива мала казна, но ќе ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон?

Јаник Синер со месеци е главна тема во светот на тенисот, и тоа не само поради неговите резултати, туку и позитивните допинг-тестови поради кои се очекува да добие суспензија.

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) побара казна од една до две години за италијанскиот тенисер, а сослушувањето во Судот за спортска арбитража е закажан за 16 април.

„Многу лош термин. Дури и казна од 90 дена би можела да го спречи Синер да игра на неколку гренслем-турнири“, објави познатиот американски тениски новинар Џон Вертхајм.

Сослушувањето не значи дека веднаш ќе му биде изречена казна на Синер, но очигледно постојат шпекулации во АТП за висината на казната, па поради тоа Вертхајм побрза да објави во јавност дека би можел Италијанецот да добие минимална казна од 90 дена.

Доколку се случи такво нешто, тогаш италијанскиот тенисер ќе го пропушти Ролан Гарос, а потоа и Вимблдон.