Најверните навивачи на нашиот Шортс најавија бојкот на меч од Евролигата!
Причината за бојкотот е моралниот став во врска со актуелната состојба во Палестина.
„Со оглед на тековните околности, не можеме да ја игнорираме ситуацијата во Палестина. Ова нема да биде обичен натпревар. Никој од нашата група нема да биде присутен, бидејќи постојат работи поважни од кошарката“, стои во соопштението на групата, која е позната по силната поддршка на домашните и гостинските натпревари.
Мечот против Макаби е дел од двојното коло во Евролигата, со оглед што Париз претходно ќе се соочи со Ефес исто така на домашен терен. Тимот на Шортс моментално се наоѓа на шестото место на табелата во Евролигата со скор 11-8 и меч помалку во однос на останатите – одложениот натпревар против Фенербахче.