Вардарецот Јусуфи потпишува за Гостивар?!

Еден од најталентираните фудбалери на Вардар, Нијаз Јусуфи очигледно нема повеќе да го носи дресот на најтрофејниот македонски тим, откако инкогнито настапи за Гостивар во пријателски меч со Беласица.

Јусуфи во изминатиот период без претходна најава пропуштил неколку тренинзи на Вардар, по што „исчезнал“ пред да се најде во составот на Гостивар.

Иако не е официјално потврден како засилување на македонскиот прволигаш, Јусуфи денеска настапи за Гостивар во победата против Беласица од 1-0.

Младиот Јусуфи оваа сезона одигра седум меча за Вардар во Првата лига и притоа постигна еден гол.